МВР не знае кој е вејачот на знамето, ама знае дека не е инспектор

Цела недела МВР не може да го најде човекот кое го вееше знамето на „Голема Албанија“, но затоа за само неколку часа утврди дека тој не бил полицаец, информација која се прошири на социјалните мрежи.

  • „Мало внимание за „откривачката“ дејност на Спасовски, бидејќи не можат да го најдат. Знамето на голема Албанија го вееше инспектор во СВР Тетово, унапреден од Оливер лично.“ – Пишува на Твитер објава.

МВР експресно утврди дека ова не било точно, но останува прашањето – како се сигурни дека човекот не е полицаец, ако не го имаат утврдено неговиот идентитет.

  • „Лицето кое го вее знамето не е вработено во МВР. МВР работи на утврдување на идентитетот и пронаоѓање на лицето кое го вее знамето.“ – Одговараат од МВР.

Граѓаните и медиумите веќе цела недела се побрзи од полициските истражители, преку споделување на фотографиите и видеата од настанот на градоначалникот Билал Касами, на кои јасно се гледа ликот на човекот кој вееше знаме со национал-шовинистичка симболика. Од МВР во континуитет велат дека потргата трае, но никако да го најдат.

За разлика од овој настан, за што полицијата изгледа има замаглен вид, за демонстрантите кои лани се противеа на францускиот предлог, од министерството имаше дури и јавни повици за нивна идентификација. Па иако, голем дел од нив имаа покриени лица, полицијата ги пронајде и ги казни.

МВР исто така ги покажа своите истражувачки способности и кога требаше да се лоцира кој го веел шеснаесет кракото сонце Кутлеш во Охрид, поради кое сега адвокатот Тони Менкиноски е на суд, за нарушување на јавен ред и мир.

Пред две години иста пријава заработи и навивач на Вардар, кој го веел знамето со ѕвездата од Кутлеш за прославата на освојувањето на втората европска титула на Вардар.

Па така, државните институции изгледа како веднаш да постапуваат за македонските национални симболи, до степен истите да ги брусат од шахти и да ги покриваат со боја на јавни места каде што се нацртани, за разлика од оние кои пропагираат идеи за територијални претензии кон Македонија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста