});

Маск за „Њујорк Тајмс“: Годинава беше најтешка и најболна

Илон Маск, основач и директор на „Тесла“ во интервју за весникот „Њујорк Тајмс“ објавено денеска раскажа дека изминатата година била „најтешка и најболна во кариерата“.

Интервјуто следува после скандалот во чие средиште се најде Маск откако минатата недела тој на Твитер објави за намерата „Тесла“ да замине од берзата и од јавна да стане приватно управувана компанија.

После тоа повеќе медиуми објавија дека американската Комисија за хартии од вредноси и трговија на берзи (SEC) испратила барање за проверки во компанијата, додека некои членови на бордот на директори го осудија однесувањето на Маск, по што акциите на „Тесла“ поефтинија во последните неколку денови.

Во интервјуто, тој раскажа дека поради потребата да го контролира растот на производството на „Тесла Модел 3“, новиот модел на автомобили со електричен погон, речиси ја пропуштил свадбата на неговиот брат летово, каде што бил поканет како девер, додека својот роденден го поминал во канцелаириите на „Тесла“.

Укажал дека во последно време работи по 120 часови неделно и дека од 2001 година немал земено одмор подолг од една недела.

-Понекогаш се случуваше да бидам во фабриката четири или пет денови во низа и целото време да не излезам надвор. На штета на односите со моето семејство и пријателите, изјави Маск за весникот.

На прашање дали тоа не било голем товар по неговото здравје, Маск одговори „всушносто тоа е така, и тоа не е добро. Мои блиски пријатели беа серизно вознемирени.“

Како што наведува „Њујорк Тајмс“, во текот на разговорот со новинарите во неговиот дом во Лос Анџелес, Маск де се смеел и де плачел.