Маролов: Македонија да го одбие Францускиот предлог и да се бори за нов, подобар

Францускиот предлог веројатно ќе помине во Собранието, но што потоа? Што следи за Македонија? Експертот за меѓународно право, Дејан Маролов, за Алфа вели дека доколку Македонија го прифати ваквиот предлог, Европската Унија ќе биде задоволна, Бугарија исто а само ние ќе изгубиме. Отворањето на Уставот за Бугарите ќе биде првата пречка која тешко дека ќе се надмине со оглед дека власта го нема дво-третинско мнозинство во собранието вели Маролов и напоменува дека доколку се одбие предлогот од француското председателство, ќе има друг од чешкото и од сите наредни за што македонската надворешна политика може да се избори да бидат подобри.

Во продолжение целиот разговор на Викторија Миткова со Дејан Маролов.