Маркетите неподготвени – пониските гарантирани цени што ги најави Владата ги нема секаде

Граѓаните од денеска требаше да пазарат поевтино, ама по се изгледа нема ништо од тоа. Трговците или најголемиот дел од нив, сеуште не ги истакнуваат пониските цени на производите, согласно вчерашната одлука на Владата, иако таа е веќе објавена во Службен весник. Во маркетите нема ниту намалување, ниту на производите, има назнака „гарантирана цена“, што дополнително ги збуни потрошувачите. 

Граѓаните од денеска треба да пазарат поевтино, ама по се изгледа нема ништо од тоа. Дел од трговците чекаат до последно да ги сменат новите цени, но до пладне, добар дел од нив не се корегирани. Алфа направи обиколка во поголемите супермаркети, и цените беа речиси исти, па дури и дел од производите поскапени за некој денар. Иако кај дел од лебот имаше за еден до два денари поевтинување, тоа го нема во сите маркети.

Одлуката од Влада уште доцна синоќа била објавена во Службен весник, а денеска во ниту еден од маркетите ја немаше назнаката „Гарантирана цена“, што дополнително ги збуни потрошувачите.

Ниту лебот, ниту млекото, ниту јогуртот, ниту тестенините, барем денеска во добар дел од маркетите не беа намалени, а онаму каде што има, тоа минимално. Граѓаните веќе и не веруваат во ншто, додека не видат со свои очи.

Во меѓу време, од Економија велат дека ќе им дозволат на маркетите во текот на денот да ги залепат ознаките.Цените на добар дел од храната треба значително да се намалат и да се продаваат за 10%. Станува збор за неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи.

Министерот за економија, пак, е оптимист дека со ваквите мерки, инфлацијата до крајот на годинава ќе паднела до 5%. Во Собранието, пак, конечно се изгласа Законот за помало ДДВ, и од 18% падна на 5% за менструалните производи.

Инаку, во текот на цела година, власта ги остави цените да заминат до небо, па сега, откако се живо поскапе, им текна да носат мерки за ублажување на скапотијата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста