Марин ле Пен: Макрон во залет, се потргнува за подобро да скокне

Емануел Макрон одбива да признае дека оспорениот модел е негово одличје, вели лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен откако претседателот најави дека ќе ги намали даноците за пензионерите и ќе ја зголеми минималната плата од јануари 2019 година.

Претседателката на француската ултра десничарска партија Национален фрон,т Ле Пен, синоќа изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон „се потргнува за подобро да скокне”.

Таа ја изнесе оценката по излагањето на Макрон, во кое тој најави серија мерки како одговор на економските и социјалните потреби на граѓаните.

-Пред оспорување, Макрон се откажува од еден дел од своите фискални грешки и, секако, тоа е подобро, но одбива да признае дека е оспорен модел, чие е тој одличје, напиша Марин ле Пен на Твитер.

Тој модел, наведе лидерката на крајната десница, е модел на „дива глобализација, нелојална конкуренција, генерализирана слободна трговија, масовна имиграција и нејзините социјални и културни последици”.