Манчевски не ја знае бројката за оние кои дале отказ од јавните установи

Министерот за јавна администрација, Дамјан Манчевски не знаел за бројката на откази кои се дале за актуелните вработувања каде има потенцијален судир на интереси или непотизам, вели ги очекувале и резултатите од Државната комисија за спречување на корупција, но според него бројката ќе се зголемувала.
Точна бројка не знам , меѓутоа тој процес е во тек , ќе има и уште, ги очекуваме резултатите од ДКСК, но тој процес е во тек и секој ден ќе се зголемува, точна бројка не знам, вели Манчевски.
Во ек на скандалите со пријателско- роднинските вработувања Манчевски, вели работеле на механизам со формирање на комисија за ревизија каде учество ќе земат и опозицијата и владејачките партии,но и надворешни лица кои ќе можеле да вршат проверка при постапките за вработување каде има сомнеж за непотизам.
Сепак и по една година откако беше најавено дека ќе има прераспределба на лицата вработени по Рамковен договор, бројката за колку решенија се издадени останува се уште не позната. Манчевски вели процесот бил во тек, но заради претседателските избори е ставен во мирување.
Процесот за вработувањата по Рамковен договор, а за оние кои не одат на работа е во тек , но сега заради предизборната регулатива со изборниот законик овие постапки се ставени во мирување за прераспределба. Сепак се одвиваше со одредена динамика до 8 февруари кога падна забраната, ќе продолжи веднаш откако ќе се завршат претседателските избори, истакна министерот.
Инаку државната комисија за спречување на корупција отвори околу 60тина предмети по допрен глас каде ќе се проверува дали при вработувањата на лицата блиски до државните функционери имало непотизам или судир на интереси.

Meри Ѓорѓиевска