Манчевски најави повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

Waitress writing a food order, customer selecting food and drinks

Инспекторите прво ќе опоменуваат, па ќе казнуваат. Ова го предвидува новиот Закон за инспекциски надзор, со цел помалите компании да се поштедат од високи казни. Министерот за информатичко општество најави и зголемување на платите на инспекторите за 10% на почетокот на следната година и да достигнат зголемување од 30% во 2022.

Новиот Закон предвидува и инспекциските служби да се зајакнат со нов кадар, а инспекторите нема да може да се користат како механизам за политички или економски притисок.

  • Со законот е предвидена динамика за зголемување на платите, но предност ќе имаат инспекциските служби изложени на најголем ризик, како на пример од Пазарната инспекција. Тие работат и навечер во ноќни клубови каде има алкохолизирани лица, често и се напаѓани. Не е исто да си пазарен инспектор и инспектор во образованието, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Анализите на сите инспекциски служби покажале недостиг од кадар и на државно и на локално ниво. За да се овозможат нови вработувања се воведува и нов систем за стекнување лиценца за инспектор и за нивна постојана обука и стручно усовршување.

  • Сегашната бројка од 1.000 инспектори е апсолутно недоволна за да се постигне се. Со сегашните правила што не одговараа на реалноста никој не ќе можеше да стане инспектор во наредните неколку години. Сега ја отвораме можноста и секоја инспекциска служба согласно своите можности ќе треба да изврши вработувања, наведе министерот.

Манчевски рече дека вкупно има 1.000 инспектори во сите служби што е недоволно. За платите, вели, предност имаат оние кои се изложени на ризик како пазарната инспекција, кои работат ноќе во клубовите со алкохолизирани лица, што не е исто со инспектори во образование.

Со законот се воведува и нов систем за стекнување на лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите.

Борис Грујоски