Манфестација избор на најдобра „Мавровско-реканска пита 2019“

Во Ростуше седиштето на општина Маврово и Ростуше денеска беше одржана 15. манифестација избор на најдобра мавровско-реканска пита.

На оваа значајна манифестацоија, која е дел од богатото „Мавровско-реканското културно лето“ што го организира општината, во конкуренција за избор беа 80 пити, што досега е рекордна бројка на учеснички, кои ги имаше од сите населени места на општината.

Петчлената комисија имаште тешка работа при одлчувањето која од нив да ја прогласи за најдобра. Сепак се одлучи прво место да и додели на Елмира Бардул од село Скудриње која имаше подготвено пита со зелје, второ место на Мерхунка Сејдиу, за бурек-пита и трето место на Фатиме Беќири, за пита-сонце.

Општината имаше подготвено и награди за најдобрите.

Манифестацијата, чија цел е промовирање на традиционаланите мавровско рекански јадења, посебно питите, како дел од напорите за развој на туризмот во овој еден од најубавте краеви во државава, за отворена ја прогласи градоначалникот Медат Куртовски.

– Продолжуваме со оваа традиционална манифестација, која од година во година привлекува се поголем број посетители. И ова денес е дело на вредните раце на жените од нашот регион, што го научиле од нивните мајки и баби. Ваките манифестации ќе ги продолжиме и во иднина, со цел да се промовираат вредностите од нашиот крај, порача Куртовски, посакувајќи им пријатни мигови на сите присутни.

Дел од големиот број туристи од земјава и странство, го посетија и водопадот Дуф, имаа можност да проследат богата културно-уметничка програма подготвена од учениоците од село Скудриње и нивниот професор Бешир Рамадани, а Зекија Задику одржа презентација на домашни производи.

По традиција присутни беа и голем број печалбари од реканскиот регион кои главно работат во Италија, Германија и Швајцарија, а моментно се на одмор во родниот крај.