МАНУ која се согласи да се преименува ќе одржи конференција за ефектите од членството во НАТО

„Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО“ е темата на конференцијата, која денеска ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ.

На отворањето на конференцијата ќе се обрати вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Во рамки на воведниот дел посветен на интеграцијата во НАТО и ефектите за Република Македонија ќе се обратат и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ и амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

На 21-ви март МАНУ испрати соопштение до јавноста во кое наведе дека одбрала ново име согласно Преспанскиот договор.

По обемна и конструктивна дискусија, се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“, стои во соопштението од Академијата.

Алфа/МИА