„Мал застој“ од седум години – Кардиолошката болница во Охрид се уште чека преселба

Охридската болница за кардиоваскуларни заболувања во која годишно се вршат над 2000 интервенции и каде се лекуваат најтешките пациенти од целиот Југозападен регион – од министерството за здравство доби само еден ангиограф. Установата која ги згрижува пациентите кои се наоѓаат во животозагрозувачка состојба, има потреба од уште еден ваков апарат, но нема ниту просторни услови каде да го смести. Поради ова болницата е преоптеретена, пациентите чекаат и со месеци, бидејќи голем дел од апаратите во Клиниката за кардиологија, болниците во Штип, Струмица, Тетово и Битола, не работат.

Има поголема листа на чекање, чекањето за селективниот програм за пациентите е некаде 3 месеци во нашата установа, посебно сега во периодов бидејќи не работи ангиографот, се монтира новиот,имаме зголемување на листа на пациети за чекање, изјави д-р Елена Башуроска – директор на Кардиолошки центар

За да ги задоволи просторните услови болницата за кардиоваскуларни заболувања уште пред 7 години требаше да се пресели во нов блок во специјалната болница Свети Еразмо, но ништо од тоа. Министерот за здравство вели дека имало нерешени проблеми на релација изведувач – министерство за здравство.

Тука имаше еден мал застој кој што за жал трае со години, за 5 % од целиот проект е стопирано завршувањето и техничкото примопредавање на објектот, изјави Беким Сали – министер за здравство

И додека министерот уверува дека на почетокот од идната година пациентите со срцеви заболувања ќе се сместат во новиот болнички блок во Свети Еразмо, раководството на болницата за кардиоваскуларно заболувања со донации од поединци и општествено одговорни компании ја промени дограмата на поголем дел од објектот, реновирајќи го одделот за интензивно лекување и салата за интервентна кардиологија, каде во 4 децениското постоење дури и тоалетите биле за реновирање. Работиме со мали буџети, вели директорката Башуроска, она што дополнително не плаши е и енергетската криза. Имаме повисоки сметки за струја, секако не плашат понатамошните збиднувањата со оваа енергетска криза која ќе удри по здравствениот систем кој што е многу осетлив.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

Advertisements

Поврзани вести