Малкович изгледа заборавил дека најавуваше филмски студија во Скопје

epa07459147 US actor John Malkovich attends a press conference held at the Centro Galego de Artes de la Imagen in La Coruna, Spain, 23 March 2019, during the film cycle 'Go and Come' (Vai e Vem). EPA-EFE/Moncho Fuentes

Откако лани лето актерската ѕвезда Џон Малкович преку видео порака најави дека ќе грани филмски град,односно холивудски студија во Скопје, американскиот актер со хрватски корени дојде во Охрид за да настапува на фестивалот Охридско лето. Ќе настапи во претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“,но освен комедијата,на денешната прес конференција,пеколно беше и прашањето на кое новинарите обидоа да добијат одговор, за најавениот проект за филмските студија во чест на богатата македонска историја.

Вчера попладне стигнавме не сум бил во Македонија, но добро ги знам републиките од бивша Југославија.Сум бил во Хрватска, сум работел во Србија, во Црна Гора,но не во Македонија”-рече Малович

Преставата е утревечер на Античкиот театар,а Малкович ќе настапува придружуван од два сопрани и оркестар,ова беа единствените прашања на кои можеше да се поставуваат прашања.

Денешната прес конференција со есклузивниот гостин Малович беше тематска и исклучиво наменета за претставата и за неговиот престој во рамките на фестивалската програма.Други прашања не беа предвидени”

Инаку неодма од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони излегоа со информација дека Малкович всушност планирале да градат станбени и деловни објркти, а потоа студија. Неофицијално,по настапот на Охридско лето,Малкович ќе оди во Скопје, каде во негова чест ќе биде организирана бизнис-уметничка вечера. За преставата на  Малкович се продадени над 2400 влезници кои чинат по 3.000 денари.Од Охрдско лето не откриваат  дали ова е најпатениот уметник годинава, за чиј настап има резервации од Бразил, Холандија, Франција,Сад и други земји.

Росица Голабоска

Advertisements