Малите коалициски партнери размислуваат дали да останат во Владата

Молк кај малите коалициските партнери – се уште немаат конкретен став за францускиот  откако истиои им беше презентиран бидејќи во тек се меѓупартиските консултации .Со почетокот на состанокот на владината коалиција, премиерот Ковачевски најави широк консултативен процес во кој ќе бидат вклучени претседателот Пендаровски, Собранието, опозицијата, експертската фела и граѓанскиот сектор. Претставниците на партиите имале државнички став, вели Ковачевски, но не е познато дали целосно се ЗА, францускиот предлог.

Коалицијата беше информирана во однос на предлогот, сите политички лидери имаат свои политички партии, ќе разговараат и на следен состанок ќе изградиме заеднички став, но духот на разговор беше на ниво на исклучителна одговорност на моментот на кој што Македонија е исправена – изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Дали помалите партии ќе ја напуштат коалицијата доколку не се согласуваат со францускиот предлог, како што претходно најавија е нејасно. Од партијата ДОМ, веќат дека за неколку дена ќе завземат став по ова прашање.

Во тек на следните неколку дена, ќе го разгледаме предлогот во партија, ќе ги земеме предвид мислењата на експертите и ќе завземеме став – одговори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Пред средбата во Владата, претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов, порача дека  е потребен Референдум, по ова прашање.  

Ги повикувам сите партии, сите граѓани да го разгледаат овој предлог, и да изградат став. Нас ни треба да изградиме единство – изјави Трајанов.

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пак  изјави дека требало да се земат предвид, позитивните страни на предлогот.

Се сеќавате имаше два става кои беа неприфатливи дека македонскиот јазик до 1945 година бил бугарски и дека македонскиот народ до 1945 година бил бугарски и она што беше уште потешко за нас, тоа требаше според таа нивна позиција да го прифати Македонија. Тоа сега го нема и затоа сметам дека не треба да ги цениме само негативните елементи што мислиме дека се негативни во францускиот предлог, туку дека треба да цениме она што е позитивно“ – изјави Љупчо Ѓеорѓиевски, претседател на ВМРО-НП.

Помалите партии претходно најавија дека ќе излезат од владината колиција доколку се прифати предлог кој е против националните интереси.

Адријана Алексиеска