Експертите бараат испитување на семејно – бизнис – политичките врски на „Пуцко петрол“

Семејно – бизнис – политичките врски на „Пуцко петрол“ се класичен судир на интереси, а Антикорупциската комисија мора да покаже цврстина и да постапи во овој и во други слични случаи, смета поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

  • Тоа би се спречило на начин што само кога ќе се дефинираат јасни критериуми каде и онаа фирма која е идентификувана за блиска до власта – конкурира, ќе бидеме убедени дека таа го добила тенедерот благодарение на својата понуда, цена итн. Максимално објективизирање, и држење до постапката – тоа се на некој начин постапките, односно тоа се елеметите за да се надмине судирот на интереси, вели за поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

Од Антикорупциската комисија за Алфа потврдија дека веќе ги испитуваат семејно – бизнис – политичките врски на „Пуцко петрол“, но не откриваат ништо поконкретно. Од другите институции молк.

И претседателката на Транспаренси Интернешенал, Слаѓана Тасева смета дека државата мора сериозно да го прочешлаат работењето на нафтената компанија начините на кои таа ги добива тендерите.

  • Најчесто судирот на интереси го гледаме во постапките за јавни набавки и ние постојано зборуваме дека за време на избори, кој ќе обезбеди поддршка и ќе победи на изборите, може да смета на тоа дека понатаму ќе има добар бизнис, односно ќе може да работи со тендери и тоа правило ниту еднаш не било непотврдено. Кој и да дојде на власт секогаш истото се случува и на ниво на општини, на ниво на институции и на повисоко ниво на политиката, посебно кога зборуваме сега за енергијата, вели Слаѓана Тасева за Алфа.

Инаку со „Пуцко петрол раководи Асмир Јахоски. Татко му, Исмаил Јахоски, влезе во Собранието преку изборната листа на ДУИ откако претходно во пет мандати беше градоначланик на Пласница. Сега со Општината раководи неговиот брат, Алија Јахоски.

Компанијата само во последните три месеци добила тендери тешки над 7,4 милиони евра. Компанијата се наоѓа на 67 место меѓу 100-те најголеми во Македонија.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести