Макрон ќе не смирува со Бугарија кога ќе дошло време- има ли некаков договор скриен од јавноста?

Дали има некаков нов договор меѓу Македонија и Бугарија кој се крие од јавноста? Ова прашање се поставува откако францускиот претседател Емануел Макрон, порача дека по телефонските разговори со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот претседател Румен Радев, е подготвен да ги пречека во Париз кога за тоа ќе дошло време.

Она што во моментов е јасно се бугарските позиции во овој спор. Тие се на ставот дека Македонија не го почитува договорот за добрососедство и бараат нивните услови да станат дел од преговарачката рамка за Македонија со ЕУ. Премиерот на Бугарија, Кирил Петков запрашан околу разговорите со Макрон, вели дека под притисок ништо немало да случи

-Тоа треба да му е целосно јасно на бугарскиот народ. Она што се обидуваме да го направиме е да видиме дали бугарските желби и потреби за поддршката на Бугарите во Македонија можат да се гарантираат преку европскиот процес. Тоа се разговорите што се водат, но тоа ќе го оставам и на МНР, бидејќи тие во моментов ги водат преговорите. Друго е прашањето- дали бугарската позиција може да се гарантира преку европскиот процес, а не некој да не притиска за било што, изјави Петков.

Дека во моментов нема никаков договор, вели и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, порачувајќи дека кога ќе биде постигнат таков, јавноста ќе била информирана.

-Во моментот кога ќе има решение кое што е прифатливо за двете страни, кое што се базира на европските вредности, кое што го задржува достоинството на политичарите, институциите и сите граѓани на двете држави и кое што ќе биде прифатливо за двете страни ќе може да биде споделено со институциите. Не постои конкретен предлог на маса кој што ќе каже кој е тој предлог, бидејќи сепак ние треба да изнајдеме решение како соседи, изјави Ковачевски.

И повеќе од јасно е дека доколку не се прифатат бугарските услови и истите не влезат во преговарачката рамка на Македонија, што би значело дека официјална Софија би можела да не блокира на секоја од 35-те точки за кои ќе преговараме, блокадата од Бугарија нема да биде тргната.

Матеја Петровски

Поврзани вести