Макрон ја пролонгира реконструкцијата на Владата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ја одложи реконструкцијата на Влада, покренувајќи нови прашања за политичкото искуство на владејачката партија и за сопствената можност да ја одржи својата администрација по неколкуте поднесени оставки.

Макрон и премиерот Едуар Филип веќе една недела ја разгледуваат можноста за реконструкција на Владата, со оглед на тоа што кон крајот на август тројца министри поднесоа оставки.

– Претседателот сака неопходно време со цел мирно и на професионален начин да го состави тимот, соопшти Елисејска палата.

Министрите очекуваа реконструкција на Владата денеска, но Елисејската палата соопшти дека тоа нема да се случи додека Макрон не се врати од посетата на Ерменија, в петок.

Популарноста на Макрон последните месеци е под 30 проценти, бидејќи според гласачите Макрон е „фрустриран лидер, кој често е арогантен и поддржува политика која носи придобивки на богатите“.

Противниците оценуваат дека реконструкцијата е „траги-комедија“ која покажува недостиг на политичко искуство во владејачката партија.