Макрон се нуди за гарантор за бугарските услови во преговарачката рамка: Запачетана ли е македонската агонија на патот кон ЕУ?

Македонија вечно заглавена во процесот на преговори со Европската Унија. Ова може да биде епилогот од евентуалното тргање на бугарското вето, доколку се прифати, условите на Софија да станат дел од преговарачката рамка. Тоа буквално би значело дека при секое од 35-те поглавја ќе може да добиеме нова блокада.

Ова би било преседан во претпристапниот процес, барањата и условувањата на една земја односно билатералните спорови да се кренат на ниво на Европската Унија.

Но, токму за ова разговараат бугарскиот државен врв и францускиот претседател, барем според медиумите во Софија. БГНЕС пишува дека Софија добила ветување од Париз дека сите бугарски барања ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Македонија и дека нивното спроведување ќе го гарантира лично Макрон.

Бугарските медиуми пишуваат дека ваквиот француски предлог бил тема на дискусија на Коалицискиот совет што се одржа во петокот.

Бугарскиот премиер Кирил Петков што и да биде понудено, крајниот збор ќе го има бугарското собрание.

Но пред тоа, на чисто професионално ниво меѓу дипломатите за да се стигне до некаква општа идеја како да се оди напред. Не можеме да потврдиме ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдувам за да се избегнат секакви злоупотреби, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите, ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ рече Петков пред средбата.

Македонските власти без коментар дали би прифатиле ваква опција – тргање на ветото но вметнување на бугарските барања во преговарачката рамка што би било преседан и во споривност со Копенхашките критериуми на самата Европска Унија.

Викторија Миткова

Поврзани вести