Макрон пак му се јавил на Радев, што стои во новиот француски предлог ?

Ќе биде ли Македонија повторно ставена во тесно и приморана да стави потпис на нов договор со Бугарија? Откако официјален Париз најави интезивирање на средбите со двете страни, бугарските медиуми откриваат дека Макрон повторно имал телефонски разговор со Румен Радев на кого му порачал дека има нова понуда за билатерланиот спор и е подготвен да биде гарант на добрите односи.

 Според пишувањата на 24 часа, Понудата на Макрон била потпишување на нов договор, настрана од Договорот за добрососедство, кој требало да биде потпишан во Париз. Сепак ставовот на Радев останал непроменет дека мора да бидат исполнети сите бугарски барања за симнување на ветото.

Макрон не е сам во идејата за нов договор помеѓу Македонија и Бугарија, поддршка стигна директно од германскиот канцелар Олаф Шолц, кој изрично бара на новиот документ концизно да бидат наведени условите за почеток на преговорите за приклучување на Македонија кон Унијата. Македонските власти засега не зборуваат ништо на оваа тема, ама затоа еврикомесарот Оливер Вархеји од Охрид порача

– Го велам ова затоа што кога зборуваме за пристапување кон ЕУ, бракови или други симболи што се споменуваат, но најмногу во јавниот домен зборуваме за процеси. Зборуваме за преговарачки рамки, за нон-пејпери итн. Но, да бидам искрен со вас и веројатно не би требало да го кажам ова како комесар, но ова навистина не е интересно. Ова не е интересно за луѓето во Европа или за луѓето во Западен Балкан, затоа што сметам дека нивното главно прашање е кога ќе живееме како што живеат во Европа, кога ќе ги имаме истите можности економски општествено како што ги имаат луѓето во ЕУ и кога ќе дочекаме сите бариери да бидат отстранети меѓу ЕУ и Западен Балкан. Ова е вистинската интеграција, а вистинската интеграција започнува со економијата и започнува со општеството, порача Вархеји.

Од Охрид Вархеји заминува во Софија на разговори со тамошните власти, а во Скопје пак доаѓа германскиот канценар Олаф Шолц.

Во меѓувреме бугарските историчари кои толку жестоко ја најавуваа презентацијата пред европратениците во Стразбур, доживеаја дебакл. Па нивниот проект „Вистината за Македонија“ во празна сала ја слушнаа само шестмина претставници. Со тоа падна во вода уште еден обид на бугарските орагнизации да наметнат слика дека Македонија е таа кој ја искривува историјата.

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести