Макрон: Не може да има руско знаме на Олимписките игри во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „на Олимписките игри во Париз не може да има руско знаме“.

Русија „нема место во време кога врши воени злосторства“, рече претседателот во интервјуто за дневниот весник „Л’Екип“, објавено во средата навечер.

Прашан за можното присуство на руски спортисти на индивидуална основа, Макрон одговори: „Би сакал тоа да биде одлука на совеста на олимпискиот свет, не е земјата домаќин која треба да одлучи што треба да направи Меѓународниот олимписки комитет“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста