НАЈНОВИ ВЕСТИ

Макрон: ЕУ тешко функционира со 27 членки, со 32 или 35 нема да биде полесно, потребни се реформи

Неповолни вести за иднината на проширување и земјите кои сакаат да бидат дел од ЕУ доаѓаат од Париз. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ЕУ можеби треба да се еволуира кон Унија со „повеќе брзини“.

 Додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан, Макрон рече дека ЕУ треба да се реформира, ако сака да прими нови членки.

-Ризично е да мислиме, дека можеме да се прошириме без реформи, можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко, да напредува на чувствителни теми  со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно, рече Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.

-Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со „повеќе брзини, кажа Макрон

 Францускиот претседател не објасни како ќе функционира оваа Европа „со повеќе брзини“, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ, за блокот да ја   задржи „својата привлечност“.