На власта и пречат пречестите информации за загадениот воздух

Бројките за загаденоста на воздухот, му пречат на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој гледа популизам во нивната експлоатација, и се залага за конкретни мерки. Токму тоа, со нетрпение го очекуваат и граѓаните.

Нема фајде од мерните станици. Честите информации за концентрацијата за штетни честички во воздухот, за заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, биле ширење на популизам. Вели дека поважно од тоа било преземањето конкретни мерки.

Сепак конкретни мерки има само во најава. И додека за заменик министерот не биле важни мерните станици, за неговиот претпоставен, раководителот на ресорот за екологија, не биле важни ни граѓаните, барем така рече минатата недела.

Граѓаните, квалитетот на воздухот и мерните станици беа приоритет за СДСМ, но само како опозиција.

Веќе долго време две мерни станици не работат, а оние кои се во функција во моментов и покрај дождот покажуваат концентрација на штетни честички на граница на дозволеното.

Борис Грујоски