Македонците стануваат се позависни од мобилните телефони

Македонците стануваат се позависни од мобилните. Ова особено важи за младите кои во суштина телефоните ги користат за се друго освен за зборување – ова апаратче ги замени часовниците, фотоапаратите па дури и компјутерите.

Фејсбук, Инстаграм, Снапчет – се на едно место. Социјалните мрежи и комуникацијата со блиските достапни во секое време во вашата дланка.

За тоа колку сме зависни од телефоните говори и податокот дека барем шест часа повремено поминуваме на интернет, а само на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм кликнуваме до 30 пати дневно.

Мобилните телефони стануваат се поатрактивни. Новото време речиси ги заменува дигиталните камери и апарати со новата модерна дигитална технологија.

А граѓаните се почесто ги користат мобилните телефони за фотографирање, снимање и еден куп други занимливости. Селфи сликањето е тренд речиси секаде во светот, па и кај нас. Новиот модел на самсунг Ѕ10 тоа го прави со висок квалитет.

Моделот Galaxy S10 е меѓу оние со највисоки перформанси на пазарот во моментов. Инаку, оваа година Samsung одбележува 10 години од Galaxy серијата која ја позиционираше компанијата на врвот на производители на мобилни телефони.

Борис Грујоски