Македонците спортуваат, но многу часови во денот поминуваат на телефон

Свеста кај младите за создавање здрави навики расте, но на нивното секојдневие влијае и современиот начин на живот. Половина спортуваат, половина – пред компјутер и речиси по цел ден на телефон. Алфа праша колку граѓаните имаат слободното време и како го поминуваат, и дали се грижат за своето физичко, а со тоа и ментално здравје. Велат дека кога имаат продолжен викенд гледаат да излезат од градот, а кога се тука се посветуваат на себе.

За здрав живот треба здрави навики, здрави услови, но и здрав џеб. Граѓани се свесни за потребата од водење здрав живот и здрава исхрана. Прашањето е како да си го овозможат тоа, кога цената на органската храна е неколку пати поскапа од вообичаената. Рекреативците велат дека се трудат да консумираат здрава храна.

Вечни дилеми околу оваа тема што периодов повторно се актуелизира е дека граѓаните главно се свесни за потребата од здрав живот. Оние пак кои држат до себе и својот изглед и кои наоѓаат време за физички активности најчесто се среќаваат на популарниот кеј на Вардар или на Водно каде бегаат од градскиот метеж.

Граѓаните кои возат велосипед професионално, или пак рекреативно приморани се да возат по улица или по тротоар, бидејќи велосипедските патеки или не се означени или на нив има паркирано коли, се жалат граѓаните. Велат свеста ни е на многу ниско ниво.

Експертите, пак, предупредуваат дека во услови на рапиден раст на хроничните болести мора да се води поголема сметка за сопственото здравје, посебно на навиките кај децата и младите. Здравата исхрана според дел од нив треба да биде баланс на различните потреби и секојдневие на луѓето.

Борис Грујоски