Македонците се организираат да ги дочекаат Бугарите на гробот на Гоце Делчев, Османи вели како туристи биле добредојдени

Со шатори и транспаренти  македонците се самоорганизираат  да го штитат гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас “ од таканаречената инвазија на Бугари, кои најавуваат дека на 4-ти февруари ќе дошле масовно да го чествувале бугарскиот револуционер Гоце Делчев.

„Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации, заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје! На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско), напиша Виктор Стојанов од фондација „ Македонија “ .

По социјалните мрежи врие по ваквите најави и граѓаните се децидни дека ќе бидат во Св. Спас да го бранат гробот на револуционерот уште од раните утрински часови , а веројатно некои и ќе преноќат во црквата Св. Спас

Слушам дека разни негатори и бугарски инсталации се спремаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе бидеме таму од раните утрински часови затоа што Гоце е Македонија, а Македонија е Гоце! Почитувајте го Гоце како Македонец роден во Македонија и никако поинаку, напиша Александар Пандов од Патриотски институт на ВМРО

Основачот на фондацијата Македонија отворено и упати закани за физички пресметки по инцидентот со охриѓанецот Христијан Пендиков дека кој ќе „ крене рака на бугарин ќе остане без рака“ , и порача дека доаѓале илјадници. Ниту отворени закани, ниту ваквите најави за самоиницијативно чествување на годишнината без координација на властите не е причина за остра реакција од Македонска страна како забрана за влез во земјава. Шефот на дипломатијата , Бујар Османи порача дека секој бил добредојден како турист да ги гледа спомениците , ама морало да се внимава на достоинството.

Инаку,  неодамна среде Скопје бевме подложни на провокации од Бугарија  кога се чествуваше ликот и делото на Мара Бунева , јавноста беше бесна и се барање да се забрани влез во земјава за Џамбаски и Костадинов, но МНР кажа дека не е време за тоа и таква одлука ќе биде донесена само ако ескалирала состојбата.

Од Светскиот македонски конгрес сега  побараа  МВР да ги преземе сите мерки за да се забрани влезот во Македонија на организаторите од фондацијата Македонија и основачот Виктор Стојанов.

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести