Македонците од дијаспората бараат обединување

Без поддршка и подадена рака во борбата за докажување на македонскиот идентитет, нашата родна Македонија се откажа од малцинствата во соседните држави.. Оваа силна порака полна со огорченост и револт, на Денот на независноста од Штип ја упатија преставници од македонските малцинства во Бугарија, Србија, Албанија и Грција.

  „Немаме слушнато да кажат дека има Македонци во Пиринска Македонија и Бугарија. Такво нешто немаме слушнато од власта н таканаречената Северна Македонија. Ние не постоиме за нив„ изјави Кирил Иванов, од ОМО Илинден, Бугарија .

„ Она што ни го овозможи Владата на Србија, наместо да не поддржи Владата на Македонија, да ни даде учебници,лектири, да не посетат, да видат, верувјте ништо. Еднаш добивме 60учебници, а имавме 150дечиња. Што да правам со толку малку учебници„изјави Ивана Ковачевска-Цветковиќ од македонското здружение во Лесковац, Србија, вели Киро Иванов

Во меѓувреме ОМО Илинден до Европскиот суд за човекови права поднесе нови тужби  во врска со регистрирањето и отварањето македонски културни клубови во Бугарија.

 „Иако од Стразбур велат дека ние сме во право и наложуват на Бугарија да не признае, ама Бугарија не не признава и така кругот се врти„ изјави Кирил Иванов од ОМО Илинден, Бугарија.

Иако македонската власт го заборава своето малцинство ,тоа е должно да продолжи да се бори и да го докажува своето постоење и идентитет, порача поборникот за македонскиот народ во Егејска Македонија Архимандритот Никодим Царкњас

„Многу професори кои се занимават со нашиот јазик, велат дека срцето на сите славјански земји е Македонија и нашиот јазик. Да бидеме горди на тоа што сме, бидејќи ние сме утробата на сите славјански народи„ изјави Архимандритот Никодим Царкњас.

„ Ни дојдоа Македонци од сите стрни на светот. Ги искажаа своите чувства, своето минато и револт. Пратија порака за обединување и мислам декаа ќе најдеме сила и начин за да се обединеме„ изјави Трајче Димков, претседател на Здружението Мирка Гинева.

Традиционалната шеста по ред средба на децата бегалци е во организација на штипското здружение Мирка Гинова.

Александра Ристевска

Advertisements