Македонците малцинство, Албанците мнозинство: Како ќе изгледа новата македонска Влада?!

Македонскиот мнозински народ ќе стане малцински, барем по заспапеноста во новиот владин состав. Ова ќе биде реалноста по се поизвесниот влез на Алијанса во Владата. Ако Димитар Ковачевски и Арбен Таравари постигнат финален договор, Албанците ќе имаат еден министер повеќе на сметка на Македонците.

10 ќе бидат од албанскиот политички блок, седум министри од македонскиот. Таравари сигурно би требало да ги добие Министерството за правда, каде на местото на Тупанчевски, ќе дојде актуелниот член на ДИК, Кренар Лога. Ќе го добијат и здравство, каде на местото на Беким Сали од Алтернатива, ќе дојде инфектолог Фадиљ Цана. 

Во зависност од одлуката на Алтернатива дали ќе остана во Владата или не, може да добијат и трето министерско место, она во информатичко општество каде што шеф е Адмирим Алити. Ако партијата на Африм Гаши реши да остане во власта, тогаш можно вицепремиерското место за економски прашања да го загуби Фатмир Битиќи од СДСМ, за да бидат задоволени барањата на Алијанса за Албанците.

Со влезот на Таравари во Владат нема да се промени ништо, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели само во наредниве десетина месеци колку што и остануваат на оваа власт, само ќе видиме неколку нови побогати поличари на сметка на осиромашувањето на обичните луѓе.

-Се губи сериозноста и се губи надежта кај граѓаните дека нешто може да биде подобро, бидејќи гледаат како на отворена сцена политичарите се препелкаат за функција повеќе, за тендер повеќе, за некое материјално задоволство повеќе, без суштина, без некаква политика што би значела подобар живот за граѓаните во Македонија. Ќе имаме неколку побогати политичари кои ќе бидат носители на функции, сега од редот на Алијанса за Албанците, а народот буквално нема да добие ништо, изјави Мицкоски.

Покрај вкусниот колач изразен во министерски позиции, Алијанса ќе добие и заменици во земјоделство и одбрана, а и двајца државни секретари, во труд и социјала и уште еден ресор кој дополнително ќе биде утврден.

Директори ќе добијат во Пошта на Македонија, Мепсо, Джравниот просветен инспекторат, Агенцијта за управување со одземен имот, заменици директори во Царина, УЈП и ЕСМ.

Од Алијанса велат дека целта на нивниот влез во Владата не било никакво богатење, туку помош за Македонија да продолжела на патот кон ЕУ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста