Семакедонски собир во Штип: Македонците во Бугарија ќе отвораат нов клуб напролет

Македонците во Бугарија не отстапуваат од борбата за  нивните права и слободи. Денеска од Штип најавија дека напролет во гаражата на 68-годишниот Борислав Божинов во село Крумово во близина на Пловдив, ќе отворат нов клуб. За името допрва ќе одлучуват дали ќе се вика Јане Сандански или Македонија. Единствена  цел на клубот ќе биде ширење на вистината и историските факти, посебно  помеѓу младите Македонци во Бугарија.

  „Решив да отворам македонски клуб во мојот двор. Имам гаража голема околу 30квадрати. Ќе биде приватен клуб за да немам ништо општо со државата. Негова цел ќе биде да се врати македонското сознание на нашите Македонци во Бугарија. Има многу бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Во Пловдив е цела населба„-изјави Борислав Божинов, член на ОМО Илинден.

По ликвидирањето на Здружението кое го отвори клубот „Никола Вапцаров„ но и затварањето на самиот клуб, од ОМО Илинден велат дека засега состојбата е мирна. Најавија дека во вторник ќе одлучуват дали ќе формират ново здружение и какви чекори ќе преземат понатаму. .

„Ние сме робови на Бугарите. Пиринска Македонија е поробена во 1912 и оттогаш досега ние немаме слобода„-изјави Кирил Иванов, член на ОМО Илинден.

  За разлика од Македонците во Бугарија каде што ги немаат основните права, состојбата со македонското малцинство во Албанија е подобро. Во некој делови се изучува мајчиниот јазик, но и таму бугарската пропаганда е многу силна, објаснува Васил Стерјовски , лидер на единствената македонска партија во Албанија.

Се работи за пропаганда што годишно троши милиони евра во своите цели. Го користи членството  во ЕУ за притисок врз Албанија. Со таков притисок успеаја Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство. Се обидуват на пописот каде што живее македонско население да ги извадат Бугари„- изјави  Васил Стерјовски лидер на МАЕИ

Денеска  во организација на  Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинева„-Штип беше потпишана декларација за унапреддување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија.

Секогаш овие патриотски декларации се добри. Со нив на меѓународните институции им укажуваме кои сме и што сме и што бараме„-изјави Отец Никодим Царкњас.

Македонија е света земја и сум благодарен и среќен што денес ја потпишавме оваа декларација„-изјави Стојан Димков, претседател на Здружение Мирка Гинова-Штип

 Освен потпишување на Декларацијата , беше отворена и изложба на која беа презентирани и документи од Американските архиви за постоење на Македонците во XlX I XX век.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести