Македонците во Бугарија го поздравуваат условот на Мицкоски за пресудите на Стразбур

Македонците во Бугарија конечно ќе ги остварат основните човекови права, ако биде прифатен условот на Мицкоски, Бугарија да ги имплементира пресудите од судот во Стразбур, вели претседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков. Но, тој се сомнева во вистинските намери на Бугарија.

  • „Ако навистина започне да се спроведуваат, а не маневри, тоа ќе биде нешто позитивно, секако. Едно основно човеково право кое што е скратено на Македонците во Бугарија, ќе почне да се почитува. Проблемот е што, судејки по досегашната бугарска политика и моменталната состојба, дури и да се случи некаква регистрација, тоа ќе е маневар. Ќе има регистрација, после веднаш, бидејќи има таква процедура, ќе започне обвинителот на државата, ќе побара да се одземе регистрација“ – Вели Стојков.

Тој смета дека Бугарија може да се обиде и да ја изигра Македнија и порачува оти не треба само опозицијата во Македонија да се залага за македонците во Бугарија, туку тоа да биде заеднички чин.

  • „Во последните 30 години се повторува една иста работа, а тоа дека во Македонија опозицијата има барања и поддршка за македонците во Бугарија. Никогаш тие кои што се на власт. Тоа е многу лоша традиција. Навистина, би требало сите тоа да го прават, а за жал, не е тоа така.“ – Потенцира тој.

Стојков решението за репресијата на македонците во Бугарија го гледа во вистинска промена на бугарската политика кон нив. Верува во реципроцитет, ако ние ги вметнеме бугарите во уставот, и македонскиот народ да влезе во Бугарскиот Устав.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста