Македонското исчезнува од македонската историја: Ѓоргиев и колегите дозволија Бугарите да ни ја пишуваат историјата

Македонското исчезна од македонската историја. Ова ни го донесоа новите официјални државни позиции. Исторачите жестоко против препораките на заедничката историска комисија со Бугарија. Професорката Наташа Котлар Трајкова за Алфа вели, директно се удира по македонската историска наука и она за што се бореле историските личности, но и што го изучуваат денешните историчари. Потенцира дека со политички потези се гази по македонскиот идентитет во текот на историјата.

-Изваден е македонскиот атрибут, извадена е македонската историска компонента, буквално пренебрегната е македонската историска вертикала. Господинот спомна дека не е допрен македонскиот идентитет, напротив допрена е историската развојна компонента на македонскиот идентитет и во антиката и во средниот век. Ако толку сакале да толкуваат по факти и по документи тогаш можеле да го внесат и македонскиот атрибут и македонската нарација во сето ова, изјави Котлар Трајкова.

Изразува зачуденост која светска историја ја гледале Ѓоргиев и колегите, кога е во прашање Цар Самоил. Вели многу светски историографии кажуваат една вистина, но македонските историрачи, оние од комисијата се решиле да ја прифатат бугарската историографија на оваа тема.

-Нека дадат која е таа светска историографија, бидејќи светската историографија ја знаат и македонските историчари. Еве јас ќе им покажам дека и во руската, во по полската, и во чешката, и во славистичката наука, посебно во хрватската Цар Самоил е поинаку дефиниран. Меѓутоа тие се определиле да ги прифатат дефинициите на бугарската историска наука, можеби таа сака да биде политички манифестирана, меѓутоа тоа е нивни проблем, изјави Котлар Трајкова.

Според професорот Александар Атанасовски оваа комисија со своите потези се покажа како антимакедонска комисија, која прифатила целосен бугарски текст да се напише во нашите учебници.

Потенцира дека во комисијата нема ниту еден член чија струка се историските моменти кои се договорени.

Реагираше и професорот Илија Велев. Според него сме прифатиле текст за Цар Самоил проектиран од бугарска страна.

-Во научна и во академска смисла текстот за цар Самуил е интрогантно бугарски проектиран. Експертската теза оди во прилог само да се експонира „аргументот“ дека во поголем дел од историографијата Самуиловото Царство се сметало како „бугарско“. Еве, допуштете да Ве прашаме: зошто во експликацијата не се оставил и простор да се објасни дали има и други научни тврдења надвор од бугаристиката – во смисла, дека ниеден извор од времето на Самуил не истакнува атрибуција „бугарско“ за неговото владетелство?, прашува Велев.

Од историската комисија пак порачаа дека не менувале историски факти, туку промовирале образование кое нема да биде основа за манипулација на младите.

Матеја Петровски