Македонското здравство пред клиничка смрт-нема инвестиции, нема лекови, нема лекари

Нема лекови, нема медицински кадар, ама има казнени пенали кои ќе  треба да се платат поради неизградбата на клинички центар . Колку пари ќе треба да се платат, минситерот за здравство не знаел затоа што немало официјална комуникација со италјанската фирма која бара оштетата за раскинување на договорот , а сумата од 20 милиони евра била шпекулација. Во министерството за здравство имало само еден документ во кој се барале  8 милиони евра.

Сеуште немаме никаков одговор од страна на Италјанската компанија до проектната единица во Министерството во врска со раскинувањето на договорот . Износот го добиваме од новинаринате и нема официјално комуницирање со италјанската компанија која последен пат не контактираше преку адвокатска канцеларија.Компанијата треба да дојде и да се докажуваме за што бараат толку средства. Ова е шпекулација, рече министерот за здравство Беким Сали.

Не само што не знаеме колку ќе не чини раскинувањето на договорот за клиничкиот центар  кој беше потпишан во 2017 и оставаме на времето што ќе покаже, не знаеме ни кога пациентите со ретки болести ќе добијат проширена листа на позитивни лекови.  Додека пациентите со цистична фиброза молат за лек, Сали  како прв човек на Министерството за здравство не можел да даде одговор кога Министерството за финансии и фондот за здравство ќе обезбеделе пари за потребниот лек . Министерството за здравство финансирало само до 20 пациенти од дијагноза од ретка болест, а доколку имало повеќе пациенти како што е случајот со болните од цистична фиброза , финансирањето на терапијата било предмет на договор помеѓу фондот за здравство и Министерството за финансии. Кога ќе се најдат пари за лекот, Сали не знае.

Министерството  има посебна програма која е за ретки болести финансира до 20 пациенти од одредена дијагноза , се што е над 20 е на Фондот односно, овде има околу 60 пациенти, моментално се 8 но со генетски предиспозиции да ја примаат таа терапија се околу 60 , веќе испаѓа дека цистична фиброза е болест која е зачестетана. Останува делот на финансирање на терапија која е многу скапа преку фонд и МФ, во овој дел Министерството за здравство не може да помогне, рече Министерот за здравство Беким Сали.

Капак на се е недостатокот на медицински кадар. Во Македонија нема доволно педијатри што доведува до преполни детски одделенија. Сали откако дошол на функцијата работел на решение на проблемот, имал два пристапи:  едниот да се обезбедел кадар, а другиот матичните  педијатри да можат да дежураат во здравствени установи или болнички домови за што се потребни измени на законот за здравствена заштита, кои поради кризата во годината што измина не успеале да ги донесат.

Advertisements