Македонски тимови се на првата линија во борба со урнатините за спас на преживеаните

Немам зборови со кој би можел да Ви ја доловам  глетката„ вака го започнува телефонскиот разговор Дарко Коцев, командирот на штипската Противпожарна единица . Тој со уште четворицата пожарникари од Штип се дел од вториот конвој кој се вклучи во спасувачките операции во Турција.  Сместени се шатори во парк во градот Адијаман. Градот кој бил дом на 300.000 до 400.000 жители целосно е разоран, а од под рушевините за жал, се вадат само мртви тела.

  „Ние сме во Турција и работиме во три разрушени објекти. Овде глетката е страшна. Има членови на семејства кои чекаат да ги извадат телата на починатите. Има зграда за која се претпоставува дека има од 150 до 180затрупани„ изјави Дарко Коцев, командир на ППЕ-Штип

Но надежта дека под рушевините  се уште има живи луѓе, не ги напушта македонските спасувачи. Пред два дена тие извлекоа 35годишна жена која речиси седум дена била зарабоена во бетонски блокови, арматура и прав. 

„Има надеж! Се работи пополека, прецизно, се внимава да не се повредат дополнително. Се надеваме дека ќе спасиме уште некој„вели Дарко Коцев.

  Засега не се размислува  во Турција да се испрати трет конвој, бидејќи завршува првата фаза од мисијата, а турската страна се изјасни дека можат да продолжат сами понатаму, објаснува за Алфа првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.  Ова значи и враќање на нашите спасувачи. По протокол првата фаза трае од 8 до 9дена, тое е и периодот во кој  постои надеж дека под рушевините се уште има живи кои чекаат помош. 

Александра Ристевска

Advertisements