„Македонски“ проблем во Лерин: Протест и контра протест во Грција поради македонскиот јазик

Македонскиот јазик причина за протест и контра протест во Лерин. На улица излегоа Грците од Златна Зора, незадоволни од отворањето на Центарот за македонски јазик. Со порака дека ја бранеле нивната Македонија, го изразија својот револт за отворањето на овој центар.

Полицијата ги спречи претставниците на Златна Зора да отидат на главниот плоштад во Лерин, со што беше избегнат можен инцидент. А гневни од потезите на Златна Зора на протест излегоа и Македонци и од Грција.

Македонците упатија благодарност до Комунистичката партија на Грција, студентите и сите демократски граѓани на Лерин кои со своето присуство и протести не дозволиле Златна зора да протестира во центарот на градот. Сепак со жалење велат дека е проблем што имало многу малку Македонци.

-Освен некои Македонци кои ги видов таму и браво за нив што беа присутни, каде бевте вие сите Македонци, македонскиот народ на Лерин и од други градови да бидете присутни на контра протест, изјави Стилианос Самарцис.

Инаку, отворањето на овој центар за македонски јазик, власта се обидува да го продаде како историски успех, кој немало како да се оствари, доколку не бил потпишан Преспанскиот договор, со кој Македонија си ја закачи кованицата Северна.

Матеја Петровски

Advertisements