Македонски „крпен живот“ – Дел од граѓаните штедат и на храна
Македонците не можат да заштедат ниту за црни денови, а камо ли за да си купат нешто по желба, бидејќи немаат од што да одвојат, велат граѓаните со кои разговараше Алфа. Запрашани, од што би скратиле за да тргнат пари настрана, многумина велат дека платитите и пензиите ги даваат веднаш кога ќе им пристигнат. Што за неодложни трошоци, што за покривање на стари долгови. Други пак ни одговорија дека кога би морале, би скратиле на облека и луксузни прозиводи како парфеми, но дел, велат дека штедат и на храна.
Граѓаните додаваат оти станува збор за приоритети, а секој еден има различни, па за тоа, кој на што би одвоил за да заштеди, зависи до индивиуалните потреби и множности.
Македонците кои немаат можност да одвојат пари за заштеда, веројатно причината треба да ја бараат во галопирчката инфлација која никако не може да се заузда. Се помалата вреднот на парите силно удира по куповната моќ на граѓаните. Според последните податоци на државната статистика трошоците на живот во јуни годинава биле зголемени за 9.3% во однос на истиот месец лани.
Храната била поскапа 12.1%, а комуналиите за 13.0%, а единствено намалување има кај трошоците за транспорт и тоа од 8.9%.
Никола Цветкоски