});

Македонски автобус се судри со камион во Австрија- има повредени

Деветмина патници се потешко повредени во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, автобусот бил застанат на дефектната лента поради технички проблем, и камионот се удрил во задниот дел на автобусот, засега од непознати причини. Во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со дрва, а возачот останал заробен внатре.

Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот кој патувал за Германија.

Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.

Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.