НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонските патишта како гробница – експертите критикуваат за тотална негрижа  

Последната сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп во која загинаа две лица и има уште неколкумина повредени го отвора прашањето колку е безбедно возењето на македонските патишта? Според сообраќајниот инженер Игор Митревски  патиштата во Македонија не се безбедни, ниту пак на сите патни правци има соодветна сигнализација и заштита.Тој алармира дека институциите треба посериозно да постапуваат со патната инфраструктура во земјава, а тоа значи многу повеќе да се вложува во изградба на поквалитетни патишта.

Бројките говорат дека најголемиот број на сообраќајни незгоди со тешки последици се случуваат од мај до авгруст, особено за викендите. Според Митревски сега кога е зголемена фрекфренцијата на возила кои транзитираат низ земјава,се зголемува и ризикот за сообраќајни незгоди,а во голем дел од нив завршуваат со смртен исход.

Митревски апелира дека државата треба конечно да ја стави во функција агенција за безбедност во сообраќајот со која би се ќе се подобрила безбедноста на патиштата. А со тоа би се намалил бројот на жртви во сообрачајни незгоди.

Последните статистики од МВР говорат дека само во периодот јануари- мај годинава, животот го загубиле 44 лица. Лани во сообраќајни несреќи загинале 124 лица.

Ања Лукарова