Македонскиот јазик- столб на македонскиот идентитет и наследство

Ако се откажеме од јазикот ќе се откажеме од сопствениот иденитет- Пораката на Мисирков и денес гласно одзвонува. Притисоците дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот е нешто што не треба да се коментира. Според лингвистите  негирањето на јазикот е негирање на нацијата

Македонскиот јазик има контиунитет и тоа не е е ништо што ние го тврдиме како македонци. Тоа го признава светот и светските научници. Македонскиот јазик е темел на македонскиот идентитет, во најмала рака со негирање на јазикот се негира македонската нација, порачува Искра Пановска -Раководителка на катедра за македонски јазик

Вработените во институтот на Денот на одбележување на Македонскиот јазик порачаа дека мора да се вработат нови кадри за да се спречи јазикот да изумре. Нашите предци го зачувале, а нашите потомци место да вложуваат го трансформираат со придавката на северномакедонци, порачува Веселинка Лаброска член на МАНУ

Пред присутните се обрати и Заменик министерот за образование Љузљим  Алиу кој ја искористи говорницата да вети дека ќе се работи на зачувување на јазикот. За заменик министерот тоа се правело преку модернизација на образовниот систем и преку јакнење на јазиците за мултиетничко општество.

Со Решение на Народната влада на Федерална Македонија, на 5 мај 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. 77 години подоцна нацијата е исправена пред предизвикот дека може да го загуби идентитетот исполнувајќи ги едно по едно барањата од Бугарија со цел дека има надеж да станеме дел од Европското семејство.

Кристина Алексиеска