Македонскиот јазик повеќе не се брани со мафтање бајрак, туку со негово дигитализирање

Македонскиот јазик повеќе не се брани со мавтање бајрак, туку со негово дигитализирање, смета Шинаси Деребеј, креатор на првиот Македонски дигитален речник. Според него нашата држава треба да го следи примерот на соседна Бугарија, кадешто дигитализирањето и аналитиката на бугарскиот јазик се силно изразени и затоа се издвојуваат сериозни финансиски средства
„Конкретно со Бугарија. Бугарија има еден голем дигитален речник со аналитика, ама таму за потребите на речникот работи БАН. Дваесет години го работат и државата има дадено многу пари, но има средства и од Европската Унија и меѓународни фондации. Македонија како мала земја не може сама, затоа треба сите да се обединеме и заеднички да работиме„-изјави Шинаси Деребеј-авторот на дигиталниот речник.
Ако јазикот е клучот за нашиот културен идентитет, тогаш неговото зачувување би требало да биде врвен приоритет, сметаат лингвистите. Креатарот на дигиталниот речник посочува дека македонскиот јазик е премногу важен за да се политизира, а тврдеањата на Бугарија дека нашиот јазик е нивни дијалект се неосновани..
„Во моментот нели Бугарија тврди дека македонскиот јазик бил бугарски дијаелект, но постои конкретна математичка методологија со која може да се докаже дали тоа е вистина или не. Овде може комјутерската лингвистика да помогне, да се заштитат тие работи„ изјави Деребеј.
Малиот фонд на зборови во одредени области е причина за многу често професорите и преведувачите користат странски зборови кои го модифицираат литературниот јазик.
Александра Ристевска