НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот здравствен систем е колабиран – за министерот приоритет се паркинзите

„Катастрофа!“, со овој збор граѓаните ја опишуваат состојбата на паркингот на клинички. Пациентите се жалат дека секое доаѓање на Клиника им претставува измачување.  Паркинг место е невозможна мисија да најдат, па се принудени да кружат со часови и да се надеваат на среќа дека ќе најдат место каде да го остават автомобилот.

За министерот Меџити проблемот со паркингот беше прв приоритет, но и четири месеци откако е на министерската функција, нема ништо од катната гаража што ја најави. Јавноста слуша само празни ветувања дека сообраќајниот хаос ќе се реши.

„Друга многу важна работа за државата за која во последно време многу се зборува е Клиничкиот центар. Тоа значи дека ние ќе го продолжиме тој проект, го предвидовме во нашата програма, го имаме детално уредено и организирано. Ќе видиме времето и тајмингот кога ќе излеземе пред медиумите и кога ќе бидеме многу сигурни“, изјави Фатмир Меџити.

„Наш прв приоритет ќе биде да го решиме сообраќајниот хаос во Клинички центар. Се консултираме со сите институции, засегнати страни и размислуваме тоа да го решиме во најбрз можен рок.” – кажа министерот.

“Ќе биде подземна катна гаража.Верувајте од првиот ден работиме не на едно прашање на сите прашања и проблеми.Првиот ден го кажав тоа ми беше фокус мора да се реши тоа. Тоа е ликот на нашата држава.Тоа е срамота што се случува на Клинички центар.”  изјави министерот.

Не сум министер по инфраструктура, но проблемот со паркингот мора да се реши. – кажа министерот за здравство.

И додека пациентите чекаат на ветените решенија на скопските клиники е истата слика со години – долги колони автомобили, трубежи, нервози, заглавени возила на Брза помош со пациенти.

Ања Лукарова