Македонката Наташа Петровиќ дел од најдобрата ТВ серија на Германските филмски награди

ТВ-серијата „Der Pass“ („Планински теснец“), во која една од улогите ја толкува нашата актерка Наташа Петровиќ, ја освои наградата „Златна камера“ за најдобра ТВ-серија на Германските филмски и ТВ-награди. Крими-серијата се снимашe лани, а во јануари имаше премиера во Виена и во Минхен, пишува факултети.мк.

Главната улога во германско-австриската серија ја толкува познатата актерка Јулија Јенч, а Петровиќ ја толкува улогата на Милица Андов.

Наташа Петровиќ е меѓу најангажираните македонски актерки дома, но и во странски проекти. Првата главна улога ја толкуваше во 2010 година во филмот „Како да ме нема“ во улогата на Босанката Самира. Таа улога ѝ отвори многу врати во европскиот филм. Следуваа: „Соба со пијано“, „До балчак“, германскиот „Еликсир“, „Лазар“, турскиот „Тајни од минатото“.