Македонија со убедливо највиока инфлација во 2022-ра во регионот

Македонија убедливо прва со највисока инфлација минатата година во регионот. 2022-та заврши со годишна инфлација од 14,2% со што земјава се најде на неславното прво место. Близу до нас е и Босна и Херцеговина со инфлација од 14%, но таму податоците се однесуваат само за 11 месеци. Со оглед на тоа што во декември речиси секаде цените бележат намалување, разликата во годишната инфлација би можела да биде подрастична. Следуваат Хрватска со 13,5% и Црна Гора со 12,7% исто со податоци заклучно со ноември. Србија, Косово и Словенија имаат инфлација повисока од 10%. Со едноцифрена промена во цените можат да се пофалат единствено Грција со 9,6% и Албанија со најниска инфлација од 6,7%.

ДРЖАВА                                             2022  ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА

МАКЕДОНИЈА                                  14,2%

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА              14% (11 месеци)

ХРВАТСКА                                       13,5%

ЦРНА ГОРА                                      12,7% (11 месеци)

СРБИЈА                                             11,9%

КОСОВО                                             11,6%

СЛОВЕНИЈА                                      10,3%

ГРЦИЈА                                                9,6%

АЛБАНИЈА                                          6,7%

Извор: Статистички служби на Македонија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Србија, Косово, Словенија, Грција, Албанија

И покрај поразителната статистика, Владата не размислува за нови фискални мерки за помош на бизнисот. Премиерот Ковачевски е дециден дека мерката за поевтина струја од 80 евра за мегаватчас кај прехранбените компании вродила со плод. Тоа резултирало со пониски цени за околу 8% кај месните производи. Се правда дека расходите во буџетот не требале туку така да се зголемуваат.

Месната индустрија во догледно време нема да добие ниту укинување на увозните давачки за замрзнато свинско месо со кое би биле поконкурентни не само на домашниот, туку и на странскиот пазар. Кога прехранбените компании добија поевтина струја на стартот на декември, алармираа дека ако Владата очекува поголемо поевтинување на основните производи за исхрана, треба да им помогне за да добијат и поевтини суровини, преку ослободување или намалување на разни давачки. Населението речиси месец и пол чека на пониски цени на храната.

Тања Попова

Advertisements