Македонија со втор претставник на Евровизија: Дарко Димитров дел од победничкиот тим во Србија

Невена Божовиќ со „Круна“ ќе ја претставува Србија на годинешниот Евросонг кој ќе се одржи во Тел Авив. Авторка на музиката и текстот е Божовиќ, додека пак аранжманот го потпишува нашиот Дарко Димитров.

Божовиќ досега за Србија пеела на детскиот евросонг во 2007, а како дел од групата Моје 3 настапи и на евровизискиот фестивал во 2013 година. Тогаш со „Љубав је свуда“ завршија како 11-ти во полуфиналето и не изборија пласман во финалната вечер.

Шанса за подобар пласман Невена ќе има на 14-ти мај во првата полуфинална вечер.

Македонија на Евровизија 2019 ќе ја претставува Тамара, за која ова ќе биде четврто учество на овој настан, но за прв пат како соло изведувач.