Македонија се соочува со сериозен недостиг на работници, стопанството алармираат дека „утре“ ќе нема кој кафе да не послужи

Во потрага по подобар живот и работа, од Македонија бега секој – што може, засекогаш, или времено. Токму тоа се случува и со вработените во хотелско – угостителскиот сектор. Мотивирани, со високи плати и подобри услови за работа – келнери, готвачи, слаткари – масовно заминуваат за Хрватска, додека Охрид, во пресрет на почетокот на туристичката сезона, е без доволен број на работници.

Келнери, бармени, хотелски персонал. Македонија се соочува со сериозен недостиг на работници алармираат од угостителско-туристичкиот сектор. Велат дека агенциите биле преплавени со огласи за персонал каде се бара кадар буквално за се, од кувари, слаткари, па се до обични работници. Но сето тоа е бадијала, зашто огромоен број Македонци веќе се иселија, револтирани од државата која не прави ништо за да ги задржи дома.

Се помалку работници остануваат дома, се повеќе се иселуваат, па ако се продолжи со ова темпо на работа, ќе дојде и денот кога нема кој и кафе да не послужи.

Соседството, но и подалечните земји, велат упатените, им понудиле далеку подобри услови на работниците, кои за подобар живот решиле да купат билет во еден правец и да ја напуштат земјава.

  • Државата мора да створи напори да изнајде механизми и начини за да ги стимулира работниците за да се задржат да останат дома, но сите после студиите не ни размислуваат да останат дома, зашто условите се такви какви што се, после тоа си купуваат билет во еден правец, дали да работат или да шетаат, но морам да кажам дека луѓето немаат ни интерес веќе, вели за Алфа Здравко Јосифовски од Независната угостителска Комора на Македонија.

Последнава година, осовебо после пандемијата е загрижувачки фактот што многу малку работници се јавуваат на објавени огласи, доаѓаат на разговор, ги прифаќаат условите за работа со задоволство и следниот ден не се појавуваат, и со право. Условите се речиси и никакви.  

Туристичките центри, како што се Охрид и Струга, во текот на летната сезона им недостасуваат работници за задоволување на потребите во сите дејности, а особено во угостителскиот сектор. Според стопанствениците, потребни се над 500 работници и тоа најчесто келнери и готвачи, кадар што за жал го нема.

  • За жал се тоа се случува во ек на проблемите, остануваат само на празни ветувања и се ствара сета таа недоверба со која се соочуваат угостителите. Само во текот на летната сезона во центрите им недостасуваат работници за задоволување на потребите во сите дејности, а особено во угостителскиот сектор, додава Јосифовски за Алфа.

Тој додава дека во минатото било полесно да се регрутираат сезонци од соседните градови, а денес и нив ги нема. Објаснува дека пред неколку години, млади луѓе од други градови во Македонија во текот на сезоната престојуваа и работеа во туристичките ценитри, но сега сликата е поразителна.

Дека државата подолг период го паѓа на испитот да создаде реални економски услови за стопанисување, по кој знае кој пат потврдија угостителите, кои веќе кренале раце, зашто како што велат, изостануваат младите кои до „вчера“ бараа работа повеќе, но и награда за сработеното.  

Инаку, недовербата во државните органи, партизацијата во најситните пори на општеството, тромата и пренатрупана администрација, слабиот образовен и здравствен систем, се само дел од причините кои младите ги наведуваат кога заминуваат во европските земји по подобро утре.

Борис Грујоски