Македонија се крена да го спаси традиционалниот охриски маратон, организацијата ја презема општината

Откажувањето на охридскиот пливачки маратон  ја отвори пандорината кутија, што се’ се правело и на кој начин се организрала оваа спортската манифестација од светски карактер.Шрутата информација на Претседарелот Пендаровски дека блокиранта жиро сметка на пливачката федерација за неодржување на маратонот и тоа во пет до дванаесет е сами едно срамно алиби и за федерацијата нои за Пендароски како  покровител. Жиро сметка на пливачаката федерација е блокираната повеќе до 10 години,никој не знае каде оделе парите,нити што се случувало, низ годините кога во организација на маратонот се вклучувале две различни пловачки федерации.Она што е извесно е дека последните години на пливачите не им се испаќал нити наградниот фонд-обзнани градоначалкникот Пецаков кој како што рече, ќе направиме се’ годинава да се одржи маратонот во организација на општина Охрид.

Ние иаме 2или 3 години неисплатен награден фонд кон приливачите и ние сношти почнавме да пуштаме мејлови  преку федерацијата ја замоливме да испрсти покани, првото и осново прашање дали ќе годинава ќе биде исплатен награден фонд што е нормално пливаат заради одредена заработка или во најмала рака би рекол каква таква сатисфакција рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Пливачката федерација влезе да го организира маратонот меѓутоа јас не паметам од 1992-ра годима откако сум од вкличен во маратонот, да немало проблем од финскиски карактер-вели Кочо Паскали од пловачкиот клуб Охридски бранови.Тој кажа дека лани само на еден хотел не му биле исплатени 35.000 евра, а спискот на долгови е долг, вели тој. Но желбата на охриѓани да се организира маратонот е голема, прашање е дали ќе успее за олку кратко време тој да се организира?

Не е тоа работа ќе го ставиме кајчето ќе скокне во вода, ќе исплива, ќе стигне,тоа сака серозно и студиозно работење, пливаат луѓе.Охридски бранови има свои реквизити за старт, патека цел,луѓе со кои сораборуваме години, пловни објекти, судии.Ние за 24 часа како клуб со Црвен крст можеме да го стокмиме маратонот утре да пливаме, донесете вие пливачи, обезбедете ги сретствата рече Кочо Паскали-Претсед.на Охридски бранови.

За да се одржи маратонот потребни се околи 50.000 евра вели Пецаков кој ја поовика и државата и инсититуцииртр на омогнат да се обрзбедат овие пари, а наградниотфон да биде повеќе од 10.000 евра за да се кандисаат пливачите да дојдат.

Росица Голабоска