Македонија по се изгледа е една држава со две влади – Една на СДСМ, друга на ДУИ

Една држава, двајца премиери. Од една страна СДСМ од друга ДУИ, Ковачевски – Груби. Повеќе од 20 години на власт, бројни скандали,  а ниту една одговорност. Партијата на Али Ахмети како да е недопирлива, па ниту еден партиски функционер не одговарал за коруптивните скандали. И институционалниот паралелизам станува сè поочигледен. Контролата одамна е во рацете на помалиот коалициски партнер во Владата. Демократската унија за интеграција сите политики кои ги побараа им беа исполнети, што според познавачите претставува функционирање на паралелна влада.

Уште во формирањето на владината коалиција, добија 100 дена премиер пред распишувањето нови парламентарни избори. Доби министерски столчиња, директорски.. Добија дури и свое Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи Артан Груби, што функционира како влада за партијата на Ахмети. Одамна ја имаат привелегијата на владин настан да не се обраќаат на македонски јазик.

Последно, во време на економска криза, си организираа настан за Рамковниот договор тежок 100 илјади евра. Настапуваа само албански уметници, се зборуваше на албански а македонскиот јазик беше исвиркан а за тоа не стигна никаква осуда.

И споменикот на УЧК во Слупчане беше идеја на ДИУ. 200 илјади евра се искешираа  за кулата висока над 20 метри, а за да се пресече црвената лента дојде дури и првиот човек на партијата Али Ахмети.

И општина Чаир раковедена на Висар Ганиу, кадар на Интегративците, не знае колку пари ќе потроши за набавка на моноетнички сувенири. Станува збор за изработка на леени фигури, ама само на албански значајни личности. Колку пари на чаирчани ќе бидат потрошени за набавка на овие сувенири ќе дознаеме кога ќе се избере најповолен понудуват кон крајот на месецов.

Поддршката не изостанува ниту од спикерот Џафери, кој ги ужива партиските привилегии и е чен на претседателството на генералниот совет на ДУИ. И по бројните скандали во законодавниот дом премиерот Ковачевски не ни помисли за осуда за однесувањето на собранискиот претседател.

Но не е само Џафери од функционерите на ДУИ кои покажуваат надмоќност. Шефот на дипломатијата Бујар Османи јавно ја покажува доминација во носењето на државните одлуки, наместо премиерот или нековите заменици. Па така преговорите во Бугарија мора да поминат прелу него, а Ковачевски и останатите само протоколарно се појавуваат на средбите.

Викторија Миткова