Македонија потоната во корупција- Власта се правда, амбасадорите критикуваат
Македонија тоне во корупција. Нерешени случаи, селективна правда , недостиг на транспарентост и одогдоворност, сива економија, – бројни забелешки од ЕК во извештајот за напредокот на Македонија во однос на корупцијата. Државава е на крстопат и мора да избере дали ќе се бори или корупцијата ќе се вкорени уште повеќе, дециден е евроамбасадорот Дејвид Гир. Во извештајот се посочува дека има минимално ниво на напредок , и дека ДКСК си ја врши улогата, но попусто зашто случаите остануваат заглавени во Основното јавно обвинителство. На состанокот организиран во Владата, Гир упати и директна порака до новиот јавен обвинител дека очекува зголемен број на решени случаи
„Очекуваме новиот раководител на оваа институција да се осигури дека тимот ќе работи одлучно, професионално, независно и со интегритет и решително ќе постапува по предметите што се под негова надлежност вклучително и оние што се префрлени од СЈО“, рече евроамбасадорот Гир
Од Владата признаваат дека Македонија е земја која тоне во корупција и дека недостасува транспарентост и одговорност, ама за сега конкретно справување со оваа тематика не видовме.Владините функционери велат дека било потребно да има индивидуална одговорност. Според најновиот извештај на „ Транспаренси интернатионал“ , Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држви во однос на владеењето на правото
– Пред нас е голем предизвик за успешно да ги затвориме преговорите со ЕУ и шанса која не смееме да ја пропуштиме. Корупцијата треба да ја гледаме како точка на обединување на секој граѓанин, на сите институции со пристап кој ќе биде инклузивен во нејзиното искоренување, нагласи Маричиќ.
Веќе нема време за губење. Секоја институција да пристапи со сите капацитети, затоа што граѓаните нема да простат. Нас ни се потребни суштински промени, рече Славица Грковска, Вицепремиерка за политики и добро владеење
Силни критики доаѓаат и од антикорупциска. Тоа што тим од Вашингтон ќе врши увид во корупцијата за нас е поразително зашто не сме ги завршиле работите дома. Претседателката Билјана Ивановска посочи дека Македонија има сериозен проблем со правосудството
„Во принцпип ја поздравуваме како добредојдена секоја активност насочена кон борба против коруцпија, а ова посебно зашто секое укажување од меѓународниот фактор, вклучувајќи го и американскиот не се земаа сериозно за самите да си ги завршиме домашните задачи и сега ни се случи ова што ни се случи. За нас е поразително зашто не сме си ги завршиле домашните задачи“, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.
Инаку во изминатиот период алармот за загрижувачката ситуација во Македонија со високиот степен на корупција го кренаа речиси сите стратешки партнери. Како од ЕУ, критики добивме и од Германија, а САД дури пушти свој тим да ја „ чешла“ корупцијата што ја направиле македонските функционери.
Кристина Алексиеска