Македонија покажува солидарност – се испраќа помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Македонија на дело покажува солидарност. Плоштадот Македонија е полн со донации кои пристигнуваат од сите страни за загрозените од земјотресот во Турција. Донациите се пакуваат во пунктот на Црвениот крст кој е стациониран до Камениот мост на Плошдатот. Иницијаторите се изненадени од одзивот на граѓаните кои пкажуваат солидарност.
- „Изненаден сум од хуманоста на луѓето. Браво. Во рок од 24 часа добивме големо изненадување од нашите граѓани. Не очекувавме волку голема количина на помош“ изјавија од огранизацијата.

Како што веллат, луѓето најмногу испраќаат ќебиња, топла облека и храна.
- „Неколку камиони ќе заминат и во останатите градови низ Македонија, како Битола, Прилеп и Штип. Оттаму се очекува тие да бидат испратени за Турција“, изјави организаторот.
Денеска се очекува првиот камион да биде испратен во Турција, а се очекува таму да пристигне за 2 до 3 дена, раскажа тој.
Хумани граѓани, компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата од земјотресите ги погодија Турција и Сирија.

Во меѓу време се мобилизираат и медицински тимови. Над 150 доброволци се пријавени да заминат на помош во Турција во погодените региони од земјотресот.
- „Се работи за привремена поддршка на граѓаните на Турција погодени од земјотресот. Во текот на изминатиот ден објавивме повик до сите граѓани, односно целиот медицински персонал да се пријават доброволци да се упатат до регионите. До вчера, до 23 часот, имав список со речиси 150 доброволци. До 12 часот, верувам, ќе го имаме прелиминарниот список со доброволци, кој ќе го дадеме на ЦУК, кои понатаму преку НАТО ќе ја известат Турција за човечки и материјални средства, кои ние ги имаме“, посочи Сали.
За Турција ќе заминат и две комбиња за интензивна нега со два тима.
- „Има список на лекови што го обезбедивме преку компании и донатори. По потреба, турските власти ќе одобрат што им треба за ние да ги пуштиме кон погодените места“, додаде Сали.

Во меѓувреме, Македонија испраќа 24 припадници на армијата, меѓу кои и двајца водачи на кучиња трагачи, кои ќе носат 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.
Од дирекцијата за заштита и спасување ќе се испраќаат и дополнителни 40 луѓе, со специјализирана опрема за пребарување и спасување. Владата засега одвои и 100.000 евра помош за катастрофата.
Борис Грујоски