Македонија останува заглавена на патот кон Европа и покрај бројните отстапки што ги направи

После се што поминавме, од европскиот процес остана голема горчина и потрошени безмалку три денцении а резултатот од сето тоа е нула.Еврипоската унија немаше јасен став и поглед за тоа како треба да изгледа европската интеграција на нашата земја, но од друга страна ниту ние не си ја завршиме нашата домашна задача како што треба и на економско и на политичко ниво. Во сите домени забележавме неуспех кој го плаќаме со тоа што изгубивме 30 генерации македонци кои заминаа по светот. Политиката не е екскурзија,мора да се постигне политички консензус за македонските државни национални интереси и геополтички интереси-вели прфесорот од екононскиот факултет, Љубомир Кекеновски.

 “Да се прашаме кои се нашите државни интереси,ако ги препознаеме, ако постигнеме консензус околу тоа, тогаш ние можеме да ги браниме и да ги реализираме.Вака испаѓа дека секоја политичка номенглатура почнува сопствена историја и дека од секоја политичка агенда како да почнува Македонија од претходната влада, од следната влада” –вели Кекеновски.

На денешната дебата на која се дискутираше за евопеизација на Македонија и дали сме на добар пат,зборуваше и Андреј Лепавцов од Паневропската Унија на Македонија како и поранешниот министер и амабасадор, Марјан Ѓорчев.

 Државата има уште многу да се европеизира,нажалост сега не се наоѓаме во таа насока, имаме сериозни проблеми”-вели Лепавцов.

 Останува да се разрешат прашањата околу овие блокадни состојби кои што почнаа на 17-ти октомври 2019- та со Емауел Макрон,Франција, Данска и Холандија, потоа Бугарија не блокираше, сега имаме процес околу уставните измени за кои што мислам дека е класична уцена и не би требало да бидат прифатени”-цели Ѓорчев.

Македонија чекори веќе 24 години по европскиот пат а наш правен основ е спогодбата за стабилизација и асоцијација, така што имаме најголем исчекор од сите земји кои беа залеку зад нас, а сега се во ЕУ. Во последните неколку години имаме застој на европскиот процес затоа што немаме македонско националано единство,дециден е поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓочев. Ние имавме вели тој,16 препораки од Европската влада за да почнеме преговори,како ни една друга земја но сеуште сме пред портите на ЕУ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста