Македонија останува без лекари – штипската болница го губи кадарот

Сонот за подобри услови за работа ги празни македонските болници. Медицинскиот кадар се иселува, а граѓаните остануваат без лекари. Во штипската клиничка болница освен лекари недостигаат медицински сестри, болничари и хигеничари Млади лекари се потребни на анестезиологија, ортопедија, хирургија и очно.

  • Најпотребни се анестезиолози, на одделот за ортопедија, за очни болести и на одделот за инфективни болести, каде имаме нај итна потреба, така и ќе го креираме планот за наредната година, кога ќе ги правиме програмите за специјализација„ изјави Ален Георгиејев, директор на Клиничка болница, Штип.

Десеткуваниот кадар не е проблем само во штипската болница, со недостаток се соочуваат и другите болници. Недостаток им и кај матичните лекари кои поради пензионирање се принудени да ги зтворат својте ординации, а граѓаните да остансст без примарна здравствена заштита.  Потребни се итни решенија и законски регулативи за надминување на проблемот, алармираат од Здружението на матични лекари.

  • Анестезиолози фалат во најголем дел во земјата. Доагаат од Скопје, трансфузиолози одат по другите градови. Еве за Велс можам да кажам немаме кожен и учен доктор, имаме еден очен лекар. Едноставно десеткуван е кадарот. Ние имаме болници но или немаме лекари или имаме расипани апарати, изјави Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари на Македонија

Според податоците на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти само во изминатите три години 800 лекари ја напуштиле државата, иако за истиот тој период продуцирани се 600 млади лекари.

Александра Ристеска

Advertisements