Македонија не е подготвена сама да се справува со огнените стихии
Македонија не е подготвена сама да се справува со огнените стихии,пожарите кои низ годините беснееја во државава,а ги имаше и во овој период – зад себе оставија пустош. За илустрација, само ланското лето 142 шумски пожари кои се случија во период од 3 месеци направија штета од 37,7 милиони евра. Земјава нема нити доволно пожарникари, нити опрема,а сликата е секаде иста-за гаснење на пожари се користат возила стари 4 децении кои е резично да се возат.
Македонија нема нити доволно пилоти, кои би можеле да управуваат со специјализираните авиони за гаснење на пожари кои постојано се распипуваат и ретко кога сите се во функција. Летово, државава на располагање имаше само еден авион канадер и евентуално два хеликоптери.
И сите специјализирани авиони да се во фунција, има недостаток на пилоти? Апсолутно сте во право бидејќи секое матерјално техничко сретство треба да го користи човек, почнувајќи од авионите, хеликоптерите, па до една обична цистерна,треба вешт возач кој што ќе знае да ја однесе онаму каде што е неопходно.
И додека македонските пожарникари со години се крпарат преку донации,европските земји користат современи технологии како да спречат воопшто појава на пожари,таков е примерот со Италија.
Климатските промени се најстрашно нешто што ни се случува,последица на истите се и катастрофалните пожари. За да ги спречиме, поспавуваме сензори на дрвјата кои не алармираат пред да букне пожар. Во контекст на ова користиме и дронови.
Овој систем користи вештачка интелегенција, односно комплетно е самосотоен и нема потреба од човек да го управува, може да се управува самостојно.
И додека странските експерти укажуваат дека треба да ги заштитиме дрвјата затоа што тие се единствениот извор на кислород кој што не штити од покачена емисија на јаглерод диоксид во атмосферата, како најголем причинител за климатские промени, прашање е колку државава може да обезбеди ваква современа технологија која ќе ги спаси македонските шуми.
Росица Голабоска