„Македонија не е држава, туку територија со бугарска традиција и корени“ – Врвно достигнување на бугарската музика

Мала провинциска територија која не е држава, каде живее злобен народ.“ – Ова е само мал дел од реториката во новата серија провокации од Бугарија. Нашите источни соседи, за кои ние секогаш ќе бидеме запад, покрај тоа што се во постојана мисија за препевање и бугаризирање на македонските народни песни, сега почнаа да творат и самите. Веројатно во неуспешните обиди да создадат нешто квалитетно и нормалано, се свртеа кон навреди и негирање на македонскиот идентитет и држава. Но, не застанаа таму.

И додека официјална Софија, во духот на добрососедскиот договор, реагира и испраќа протестни ноти за се и сешто, како ораторски говори на младински организации, текстови на социјални мрежи од приватни граѓани и слогани на протести, а македонската страна како достоен послушник ги спроведува, нашата Влада се уште се држи до политиката „не слушам, не гледам, не знам“. Засега нема никаква реакција за бројните ново-бугарски песни и покрај тоа што договорот за добрососедство предвидува таква можност.

  • „Двете договорни страни ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.“ – Пишува во членот 11 од договорот за пријателство и добрососедство.

И без договорот за добрососедство, безмалку сите меѓународни организации, во своите конвенции, па и државните устави и закони, обезхрабруваат или целосно забрануваат толерирање на секаков вид на говор на омраза, повици за насилство и навреди по национална или етничка припадност. За Бугарија е веќе оддамна познато дека ниту ги почитувала, ниту пак сега ги почитува меѓународните договори и конвенции на кои го ставила својот параф, како што е примерот со 16те пресуди на меѓународниот суд за човекови права, во корсти на Македонците од Пиринска Македонија. Но, познато е и дека нашата Влада, како и досега, веројатно ќе чека чашата да биде прелиена а реакцијата изнудена.

Никола Цветкоски

Advertisements