Македонија нема опрема за справување со големи шумски пожари

Во услови кога според прогнозите ова лето не очекува нагло затоплување и сушење на вегетацијата, со еден канадер и евентуално два авиони, државата дома ќе ги гасне пожарите и тоа со помош од странство. Ова значи дека Македонија не е подготвена сама да се справи со огнените стихии и го наметнува прашањето како државата дозволи да дојдеме во ситуација да останеме само со еден канадер, еден кој воопшто не работи и уште еден кој се сервисира и никој не знае кога ќе биде готов? Згора на се’ нема луѓе кои  знаат да ги управуваат.

Апсолутно сте во право бидејќи секое матерјално техничко сретство треба да го користи човек, почнувајќи од авионите, хеликоптерите, па до една обична цистерна,треба вешт возач.Да, за жал доколку имаме пожари со голем обем постои можност да бараме помош од странство, изјави Стојанче Ангелов – Директор на Центарот за управување со кризи

Ангелов се теши дека и економски појаки држави од нас, како Турција и Грција не можеле да се справат сами со пожарите, додека не стапне пожарникарска чизма, вели пожарот не се гаснел. Ама Македонија нема нити доволно пожарникари, нити опрема, сликата е секаде иста, градоначалниците сега прават напори да ги оспособат противпожарните служби.  

Опрема немаат доволно, тоа е факт, возила уште помалку посебно за специфични места, изјави Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид

Вистинска мака за Алгелов е што доколку се појават повеќе пожари во исто време, приоритет при праќањето помош ќе била политичката пропадност на градоначалникот на чие подрачје избил пожарот.

И ако се два и повеќе сериозни пожари особено сега со новата политичка реалност во државата, кога имаме градоначалници од различни политички определби. Ние навистина ќе имаме проблем при давањето приоритет, бидејќи главниот штаб прави приоритетна листа според која што утврдува каде најпрво ќе бидат упатени хеликоптерите, затоа што градоначалниците се научени веднаш кога ќе се појави сериозен пожар да бараат хеликоптери, изјави Стојанче Ангелов – Директор на Центарот за управување со кризи

Државата  нема доволен број на хеликотери ниту сега, нити мината година, нити оваа деценија, нити преходната, во Македонија никогаш немало доволен број на хеликптери – вели Ангелов.

Новинар Росица Голабоска